Тиквеш задржа уште еден важен играч: Брзоногиот Чејовиќ останува во Кавадарци

160

Екипата на Тиквеш веќе две недели се наоѓа во подготвителниот период, а добра вест за кавадарчани е останувањето на уште еден важен член на тимот.

По Страхиња Симиќ, Марјан Велков, Димитар Коцев и Мартин Димовски, во Тиквеш останува и брзото крило Балша Чејовиќ.

Црногорецот беше еден од клучните играчи на кавадаречкиот клуб во минатата сезона, во која Тиквеш повторно обезбеди пласман во плеј-оф сегментот од домашниот шампионат.

Покрај настапите на домашната сцена, Тиквеш и во новата сезона ќе игра на европската сцена, откако клубот доби вајлд-карта за настап во ЕХФ Европскиот Куп.

Кавадарчани за новата сезона досега ги ангажираа Борјан Цековски и Тоше Ончев од Куманово, потоа Томислав Димковски и Бојан Солев од Пролет, Тунижанецот Мохамед Азиз Бен Махфуд од Еурофарм Пелистер 2, како и десниот бек од Франција, искусниот Шамал Абдула.

 

Чејовиќ во Супер лигата настапуваше и за тимот на Охрид, а во Кавадарци пристигна на стартот на минатата сезона

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT