Велешани продолжуваат без Глигоров – ќе се бара нов тренер за обезбедување опстанок

148

Дебитантот во Супер лигата, Борец Фрутиленд, во понатамошниот дел од сезоната, односно во борбата за опстанок ќе биде предводен од нов тренер, откако денеска велешкиот клуб го потврди заминувањето на Владимир Глигоров.

Како што е познато, Глигоров заминува од Велес од морални причини, бидејќи клубот изминатиот викенд одигра само реми против Прилеп, 37:37, а во еден момент од натпреварот водеше со десет гола разлика, на шест минути до крајот беше 37-28, но Глигоров реши да им даде шанса на помладите и оние со помала минутажа.

Прилепчани успеаја да израмнат, па дури и да имаат контра за победа. Велешката публика по натпреварот го изрази својот бес кон Глигоров, упатувајќи разни пцовки.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе