По одиграното 17. коло кај пионерите, познати се сите четвртфиналисти кои ќе се борат за настап на Ф4 турнирот оваа сезона. Од Група А, место меѓу најдобрите осум обезбедија екипите на Охрид, Мулти Есенс, Струга и Вардар. Последните две кола ќе одлучат која екипа ќе го заземе конечниот пласман во групната фаза.
Во Група Б, беше поинтересно, а „последниот воз“ го фатија Тиквеш и Куманово, а освен нив, во четвртфиналето патуваат и Еурофарм Пелистер 2 и Алкалоид.
Најмногу погодоци во 17. коло постигна Стојан Иванџиков, член на Младост Богданци, клуб кој што сериозно вложува во младинските категории. Иванџиков го водеше својот тим до победа против Македонија Ѓорче Петров со 11 погодоци.
Четвртфиналните дуели се на програмата на 2/3 мај и 9/10 мај, додека Ф4 турнирот, според распоредот, ќе се одржи на 16 мај. Актуелен шампион кај пионерите е тимот на Охрид.
Пионерска лига, 17. коло, резултати:
ГРУПА А
Еурофарм Пелистер – Пролет 14:19 (9:12)
Стефан Шарковски 5/Марио Поповиќ 6
Бутел – Мулти Есенс 20:25 (9:21)
Филип Милошевски 7, Абдураман Мухарем 7/Христијан Ангеловски 9
Вардар – Охрид 25:29 (10:14)
Стефан Антевски 7/Димитри Колески 10
Динг – Прилеп 19:13 (10:8)
Горазд Ојлески 8/Марио Ивчев 5
Струга – слоб.
ТАБЕЛА

ГРУПА Б
Тиквеш – Куманово 20:17 (8:11)
Марио Ѓорѓиев 10/Михаел Милановски 6
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 2 21:20 (9:11)
Петар Митев 6, Калин Краљевски 6/Даниел Христовски 10
Младост – Македонија Ѓорче Петров 25:14 (11:4)
Стојан Иванџиков 11/Теодор Гиевски 6, Владимир Иванов 6
Шампион – Гемиџии 11:25 (6:12)
Алек Јаневски 9/Лука Стефанов 5
Радовиш – слоб.
ТАБЕЛА
