РФМ суспендираше играч на една година

301

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија, по разгледување на настаните од натпреварите во сите конкуренции, донесе одлука за санкционирање на учесник во натпреварувањето.

Во врска со натпреварот од 20. коло помеѓу екипите на Овче Поле и Текстилец, по изречен црвен и син картон, ракометарот на ГРК Овче Поле , Иван Димчевски, е санкциониран со забрана за настап во траење од една година на сите првенствени и Куп натпревари, согласно важечките прописи.

Во билтенот број 20 за Првата лига, се наведува дека и  на РК Македонија Ѓорче Петров му се изрекува дисциплинска санкција – УКОР, согласно член 19 од пропозиции на прва машка лига 2025/2026 и член 8 од ДП на РФМ, и истото важи и за тимот од Свети Николе.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT