Македонија со сребро на СП во училишен ракомет

136

Женската кадетска репрезентација на Македонија го освои второто место на Светското првенство во училишен ракомет, на кое Скопје е домаќин на повеќе од 700 спортисти.

Во финалето, нашата репрезентација беше поразена од Хрватска со 28:26, а поразот во денешното финале беше единствен за избраничките на Даниела Новеска.

Можност за злато ќе имаат  ракометарите на Македонија. Во големото финале, наш ривал е Израел, па може да се очекува  машката репрезентација со стил да го заврши првенството.

Настанот се одржува под покровителство на Министерството за спорт, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, со поддршка од Ракометната федерација на Македонија.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT