Машката кадетска репрезентација на Македонија го освои златото на Светското првенство во училишен ракомет во Скопје, откако во финалето славеше над Израел со 38:32.
Избраниците на Горан Кузманоски уште од самиот старт покажаа карактер, ривалот се закануваше постојано, но немаше доволно сила да направи нешто повеќе.
За кадетите, кои учествуваа и на Медитеранското првенство во Словачка, ова беше одлична проверка на силите пред настапот на Европското првенство во Србија.
Ова се нашите златни момци: Атанасиј Трсунов, Мелин Фехми, Тома Симоновски Андреј Георгиев, Лука Јовиќ, Горазд Дамчевски, Марко Ѓорчевски, Петар Николовски, Трајче Костов, Давор Крстески, Стефан Ѓорѓиевски, Бобан Поповски, Ѓорѓи Лешниковски, Христијан Вујичевски.
Кадетскиот континентален собир ќе се одржи во месец август.