Пионерите на Охрид чекорат кон ТОП 4

215

По кадетите и сениорите на Охрид, на победа се радуваа и пионерите, кои на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш славеа со 32:27 во првиот четвртфинален дуел.

Охриѓани на реваншот, кој ќе го одиграат пред својата публика, ќе имаат одлична можност со победа или реми да обезбедат уште еден пласман на завршницата.

Димитар Митаноски со седум погодоци беше предводник во победата на младите „гладијатори“, додека по шест реализации запишаа Илија Трајчевски, Димитар Колески и Горазд Силјаноски, а Јован Спировски натпреварот го заврши со пет погодоци.

Токму Охрид е актуелен бранител на титулата во пионерската лига, а на добар пат до пласман во ТОП 4 се и кадетите, кои триумфираа над Вардар со 35:27 во првиот дуел од разигрувањњто за Ф4 во оваа категорија.

Во меѓувреме, сениорите продолжуваат да испишуваат клупска историја со одличните настапи како на домашната, така и на европската сцена.

Ваквите резултати се потврда за континуираната и квалитетна работа во клубот покрај езерото, кој успешно гради силен систем во сите возрасни категории.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT