Митревски кажа СТОП во Охрид: Со 20 интервенции го водеше Еурофарм Пелистер до важен триумф

78

Иако требаше да биде дерби, сепак, Еурофарм Пелистер одигра одлично на гостувањето во Охрид, потсетувајќи на блескавите партии од Лигата на шампионите, па од СРЦ „Билјанини Извори“ си замина со триумф од 25:22.

Со оваа победа, битолчани имаат 50 бода, исто колку и Охрид, a во меѓусебните дуели довчерашниот шампион на Македонија има подобар скор.

Во последното суперлигашко коло од плеј-офот оваа сезона, Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе го пречека Алкалоид, додека Охрид за последен ривал го има Тиквеш.

За 30 минути игра, избраниците на Ројевиќ постигнаа само десет гола, додека гостинскиот тим имаше шест повеќе за водство од 16-10 на полувреме. Кај Охрид во текот на целиот натпревар недостасуваше учинокот на бековското дуо Иванковиќ – Стрмљан.

Гостите во еден момент од второто полувреме имаа и убедливи плус осум, 20:12, но домашниот тим успеа да излезе од кризата и со серија од 5-1 да намали на 21:17 во 48. минута. Сепак, во завршните десет минути повторно на сцена стапи Митревски, фати уште четири топки, а неговите соиграчи одиграа сигурно и рутински, не дозволувајќи никаква неизвесност околу победникот.

Еурофарм Пелистер на овој натпревар беше предводен од голманот Никола Митревски, кој имаше дури 20 интервенции и беше „икс-фактор“ во победата на пелистерци.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT