Лоша игра и нов пораз за Вардар во Лигата на Европа

135

Македонскиот вицепрвак Вардар на гостувањето во Португалија кај Порто беше убедливо поразен со 13 гола разлика, 37:24 (17:10). За Вардар ова беше трет пораз во групната фаза во Лигата на Европа, додека Порто успеа да ја запише втората победа, двата триумфа на португалскиот тим се против „нрвено-црните“, но има и бод освоен од натпреварот со Валур, па така сега Порто има пет бода, Мелсунген три повеќе, односно 8, Вардар остана на 2, а Валур на еден бод.

Вардар може да се надева на место во ТОП 16 во Лигата на Европа само доколку двапати победи, против Валур во гости и дома со Мелсунген. Но ќе треба да чека и кикс на Порто, на дуелите со Мелсунген и со Валур. Порто веќе киксна на Исланд, но на свој терен ќе биде голем фаворит против исландскиот тим.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе