Играчот кој настапи на Светското младинско првенство минатата година, Борјан Дамјаноски, и во следната сезона ќе остане во Австрија, но ќе има нов предизвик во кариерата.
21-годишниот лев бек, кој успешно може да одговори и на позицијата среден бек, по десет години минати во редовите на Грац реши да ја промени средината.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија доби неколку понуди, а се одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на Фуксе.
Станува збор за тим кој оваа сезона одигра одлично во австрискиот шампионат, стигна до плеј-офот, а во полуфиналната фаза беше запрен од вицешампионот Фајверс.