По пауза од неколку сезони, тимот на Младост повторно ќе се натпреварува во Супер лигата, а раководството на клубот веќе започна со склопување на играчкиот мозаик за големиот предизвик.
По продолжената соработка со тренерот Горан Андоновски, во клубот од Богданци останува и левиот бек Даниел Андоновски, кој во штотуку завршената сезона беше најдобар стрелец на повратникот во Супер лигата, постигна 177 погодоци.
Клубот го договори и второто засилување, добро познато име на македонската ракометна јавност. Станува збор за левото крило Славе Јанковски. Струмичанецот зад себе има богато суперлигашко искуство, а во Младост доаѓа од редовите на Радовиш.
Од клубот засега е познато дека заминува голманот Кристијан Костадиновски, а во текот на вчерашниот ден беше објавен и првиот трансфер, со потписот на Тодор Узунчев од Бутел Скопје.