Повратникот во Супер лигата, Младост, продолжува да го засилува ростерот за големиот предизвик, а клубот од Богданци денеска го објави третото ново име.
Станува збор за голманот Благој Панов (генерација 2004), кој по две сезони минати во матичниот Тиквеш, одлучи да направи кам-бек во Младост.
Кавадарчанецот зад себе има и меѓународно искуство со настапи во Европскиот Куп со Тиквеш, а во минатата сезона имаше одлични изданија на дел од суперлигашките натпревари.
Младост претходно ја продолжи соработката и со младинскиот репрезентативец Ѓорѓе Атанасов, како и со тренерот Горан Андоновски, левиот бек Даниел Андоновски и искусниот голман Живојин Илиќ.
Освен со Панов, клубот се засили и со Тодор Узунчев од Бутел Скопје и Славе Јанковски од Радовиш.