Тунижанец потпиша за Младост Богданци

189

Повратникот во Супер лигата, Младост, продолжува да го засилува ростерот за големиот предизвик, а денеска клубот од Богданци го претстави новото засилување.

Станува збор за интернационалецот од Тунис, Ахмед Мајдоуб, кој минатата сезона настапуваше за Струга, клуб против кој Младост успеа да го добие баражот за камбек во елитата

,,Младиот туниски интернационалец, кој настапува на десната бековска позиција, доаѓа во нашиот клуб со огромна желба за докажување и дополнителен квалитет во пресрет на суперлигашките предизвици. Мајдоуб зад себе има настапи во македонскиот ракомет и важи за играч со силен шут, брза реализација и голем борбен дух”, соопштија од Младост.

Во претходниот период, Младост ги ангажираше Благој Панов од Тиквеш, Славе Јанковски од Радовиш и Тодор Узунчев од Бутел Скопје. Договорите беа продолежни со левиот бек Даниел Андоновски, младинскиот репрезентативец Ѓорѓе Атанасов, голманот Живојин Илиќ, како и со тренерот Горан Андоновски, а професионален договор со клубот потпиша талентираниот Никола Тасев.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT