На 8 јули во Романија стартува Европското првенство во младинска конкуренција, а меѓу учесниците ќе биде и репрезентацијата на Македонија.
Македонските надежи ги очекува сериозен предизвик во групната фаза, каде што ќе се соочат со две скандинавски селекции – Норвешка и Данска, како и со Хрватска.
Пласман во главната фаза ќе обезбедат двете најдобропласирани репрезентации од секоја група, па секој бод ќе биде од големо значење во битката за продолжување во следната фаза на континенталното младинско натпреварување.
Подолу можете да ги најдете линковите за сите три натпревари на Македонија во групната фаза.
Распоред на натпревари и линкови:
08.07, 13:30 часот: Норвешка – Македонија (ЛИНК)
09.07, 13:30 часот: Хрватска – Македонија (ЛИНК)
11.07, 13:30 часот: Македонија – Данска (ЛИНК)
За следење на натпреварите преку ЕХФ ТВ потребна е регистрација на платформата и претплата.