Петров останува верен на Радовиш

123

Тимот на Радовиш, кој по испаѓањето од Супер лигата повторно ќе се натпреварува во Првата лига, во новата сезона ќе влезе со изменет ростер.

Неколку ракометари веќе го напуштија клубот, па раководството работи на формирање конкурентен состав. Во обидот повторно да биде меѓу главните кандидати за промоција во најквалитетното домашно натпреварување, Радовиш ќе може да смета на искуството и голгетерскиот квалитет на Васе Петров.

Според информациите на Спортска Димензија, двете страни без поголеми проблеми постигнале договор за продолжување на соработката, па искусниот ракометар и во сезона 2026/27 ќе го носи дресот на овој клуб.

Во наредниот период би требало да биде познато со каков тим ќе се натпреварува Радовиш во прволигашата конкуренција.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT