Антонио Николоски има нов клуб во странство

408

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, Антонио Николоски (генерација 2004), по првото интернационално искуство во вториот дел од изминатата сезона, кога настапуваше за Слога Добој од БиХ, кариерата ќе ја продолжи во нов клуб во странство.

Николоски, кој настапува на позицијата лев бек и е подеднакво корисен во нападот и во одбраната, во новата сезона ќе го носи дресот на израелскиот второлигаш Макаби Димона, потврди 21-годишниот ракометар за Спортска Димензија.

Станува збор за клуб со високи амбиции, чија главна цел во претстојната сезона е пласман во најквалитетното натпреварување во Израел. Талентираниот ракометар потекнува од школата на Младост Богданци, каде што ги помина сите младински категории пред да стане дел од сениорскиот тим.

На репрезентативно ниво беше дел од кадетската селекција на Македонија која го освои ЕХФ шампионатот во Летонија во 2022 година, а една година подоцна настапи и на Светското кадетско првенство во Хрватска.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT