Пелистер се засили со една од најталентираните ракометарки: Потпиша Еџе Сејадин!

565

Екипата на Пелистер за новата сезона, во која повторно ќе настапува во Супер лигата, ќе биде посилна со ангажманот на најдобриот стрелец од кадетската лига, дознава Спортска Димензија.

Станува збор за талентираната Еџе Сејадин, која во изминатата сезона постигна 86 погодоци во кадетска конкуренција, а во Првата лига беше втор стрелец, веднаш зад Анастасија Сентовска, со 164 постигнати погодоци.

Сејадин минатото лето од Ресен се пресели во Стружанка, каде што прикажа одлични партии. Со трансферот во Битола ќе има можност да се натпреварува против најдобрите екипи во македонскиот женски ракомет, но и дополнително да ги потврди своите квалитети во дуелите со Ѓорче Петров, Чаир, Вардар и останатите суперлигашки екипи.

Иако Пелистер требаше да настапува во Првата лига, по повлекувањето на Астибо, битолчанки сепак го задржаа своето место во домашната елита.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT