Машката кадетска репрезентација на Македонија во завршницата од Европското првенство во Србија ќе разигрува за пласман од 9-16 место.
Прв ривал на избраниците на Горан Кузманоски во борбата за што подобар пласман ќе биде незгодната селекција на Фарски Острови.
Доколку Македонија слави против островската репрезентација, ќе обезбеди место во разигрувањето за пласман од 9-12 место. Во тој случај, следен противник ќе биде победникот од дуелот меѓу Португалија и Шведска.
Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови се игра утре со почеток од 12:00 часот, а ќе може да го проследите на ЕХФ ТВ платформата – ЛИНК.
Натпреварот, исто така, ќе може да го проследите на ТВ Арена М2 Премиум.