Андреа Илиќ ќе го брани голот на Плзен

184

Како што објави Спортска Димензија пред неколку дена, репрезентативката на Македонија, Андреа Илиќ, во новата сезона за првпат ќе настапува надвор од Македонија. Голманката кариерата ќе ја продолжи во Чешка, поточно во редовите на Плзен, што денеска го потврди и чешкиот клуб.

По речиси една деценија мината во Вардар, Илиќ одлучи да направи голем чекор во кариерата и за првпат да се испроба на интернационалната сцена. 25-годишната голманка и Плзен се договорија на соработка, откако раководството на клубот процени дека во македонската репрезентативка има голем потенцијал.

Илиќ потекнува од школата на Металург, а од 2017 година беше дел од „црвено-црното“ семејство. Со некогашниот шампион на Македонија настапуваше и на европската сцена, додека во последните три сезони се етаблираше како една од најдобрите голманки во македонскиот шампионат. Со одличните настапи сосема заслужено го привлече вниманието на клубови од странство, па нејзиниот прв интернационален трансфер беше само прашање на време.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DHC Plzeň (@dhcplzen)

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT