Македонија ги загуби двете контролки со Србија

91

Женската ракометна репрезентација на Македонија двапати беше поразена од Србија во Бор на пријателските натпревари, кои се дел од подготовките за бараж-двомечот со Полска.

Србија вчера триумфираше со убедливи 34:21, додека денеска избраничките на Кристијан Грчевски пружија поголем отпор, но поискусната српска репрезентација сепак славеше со 35:28.

Македонија на двата натпревари не можеше да смета на Сара Ристовска и Јована Кипријановска, кои не настапија поради повреди.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе