Младите „зелено-бели“ тргнуваат во лов на Ф4 во ЛШ!

224

Утре во Веспрем, со натпреварот меѓу Загреб и ПИК Сегед, ќе започне првото издание на младинската Лига на шампионите, а претставник од Македонија ќе биде Еурофарм Пелистер.

Младите пелистерци ќе играат во групата во Букурешт и за ривал во полуфиналето го имаат Келце. Доколку избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски бидат подобри од полскиот тим, тогаш за пласман на Ф4 турнирот ќе се борат со подобриот од натпреварот меѓу Динамо Букурешт и Висла Плоцк.

Во натпреварите од младинската Лига на шампиони можат да настапат ракометари до 18 години и помлади, а главен адут на Еурофарм Пелистер ќе биде Алем Хаџиќ, ракометар кој зад себе има искуство од сениорската ЛШ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Келце е на програмата в четврток (17 април), со почеток од 15:30 часот. Натпреварот за трето место, како и финалето од четвртата група ќе биде следниот ден.

Победниците од четирите турнири ќе обезбедат пласман на завршниот турнир, кој паралелно ќе се одржи со сениорскиот Ф4 во Келн, па така младите ракометари ќе имаат дополнителна мотивација да го покажат најдоброто од себе.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT