Средниот бек Јака Малус, кој во следните две сезони ќе го носи дресот на Вардар, заедно со тимот на Слован ја освоија шампионската титула на Словенија, па така сезоната ја завршија на најдобар можен начин – со дупла круна.
Тимот на Слован за титулата се бореше против довчерашниот првак Горење Велење, победи и на двата натпревари од финалната серија, вечерва славеше со 29:26, а на првиот натпревар избраниците на Урош Зорман триумфираа со 30:24.
Малус на првиот финален натпревар беше избран за МВП, односно за најкорисен играч.
Претходно, Слован го освои словенечкиот Куп совладувајќи ја Крка со 33:27 во финалето, со што ја заокружи најуспешната сезона во својата клупска историја.