Екс вардарецот Дисингер сè уште е во потрага по нов клуб

167

Поранешниот член на Вардар, Кристијан Дисингер, кој со „црвено-црните“ ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезона 2018/19, сè уште е без клуб.

Левиот бек последниот клупски ангажман го имаше во Татабања, а веќе три месеци е во потрага по нов тим.

Додека не најде нов клуб, искусниот Дисингер ќе ја одржува формата во Лудвигсхафен, клуб во кој само тренира.

Македонскиот зет по заминувањето од Вардар играше за Динамо Букурешт, Ал-Духаил од Катар, Плер Будимпешта…

Со Вардар, покрај титулата во Лигата на шампионите, освои и две шампионски титули во Супер лигата, еден трофеј во Купот на Македонија, како и титула во регионалната СЕХА лига.

На репрезентативно ниво, најголемиот успех Дисингер го постигна на Европското првенство 2026, кога со Германија стигна до златото, а има и злато од Европското младинско првенство 2011.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT