Преспа победнички во Кичево

249

Ракометарите на Преспа во натпревар од 12. коло од прволигашката конкуренција славеа на гостувањето во Кичево кај истоимената екипа со 25:18.

За Преспа ова беше трета победа во новата натпреварувачка сезона, додека Кичево останува на дното на табелата.

Гостите од Ресен до победата дојдоа со подобрата игра во вториот дел, откако на полувреме заминаа со минимална предност од 11:10.

Најефикасен во победничкиот табор беше Благоја Јончевски со седум погодоци, пет постигна Петар Булаковски, четири додаде Христијан Ристевски, а Христијан Антоновски заврши со три реализации.

Дарко Јаневски со седум погодоци беше прв стрелец во поразениот табор.

Преспа во следното коло на домашен терен ќе го пречека лидерот Младост од Богданци.

Прва машка лига, 12. коло, резултати:
Кичево – Преспа 18:25 (11:10)
Младост – Аеродром 36:31 (23:15)
Мулти Есенс – Вардар Неготино 34:29 (16:15)
Текстилец – Драчево Јуниор 25:31 (14:13)
30/11, 17:00, Македонија Ѓорче Петров – Партизан
30/11, 18:00, Јехона – Шампион
Овче Поле – слоб.

 

Младост славеше над Аеродром – 11 од 11 за тимот на Андоновски!

 

 

Џигероски и Поповски блескаа, Мулти Есенс го доби Вардар Неготино

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT