Деветка за Бучуковски, Македонија Ѓорче Петров ја доби драмата со Партизан

38

Македонија Ѓорче Петров со подобрата игра во финишот ги освои бодовите на натпреварот против Партизан од Гевгелија, триумфирајќи со 34:31 (15:11) во натпревар од 12. коло од прволигашката конкуренција.

Домаќините до 42. минута имаа контрола на теренот, но потоа гостите од Гевгелија направија кам-бек и во еден момент дојдоа и до плус два, 24:22.

Неизвесноста траеше речиси до 55. минута. По нерешените 30:30, домашниот тим направи серија од 4:0 и ги освои планираните бодови.

Најефикасен во победничкиот тим беше Мартин Бучуковски со девет погодоци, додека по шест постигнаа Бојан Чакалиќ и Михаил Тотиќ. На спротивната страна, 14-те погодоци на Илија Пејковски не беа доволни за барем еден бод на гостите.

Прва машка лига, 12. коло, резултати:
Кичево – Преспа 18:25 (11:10)
Младост – Аеродром 36:31 (23:15)
Мулти Есенс – Вардар Неготино 34:29 (16:15)
Текстилец – Драчево Јуниор 25:31 (14:13)
Македонија Ѓорче Петров – Партизан 34:31 (15:11)
30/11, 18:00, Јехона – Шампион 
Овче Поле – слоб.

Џигероски и Поповски блескаа, Мулти Есенс го доби Вардар Неготино

 

 

Младост славеше над Аеродром – 11 од 11 за тимот на Андоновски!

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT