Денеска со натпреварот меѓу Алкалоид и Куманово ќе започне новото, 17. коло во суперлигашката конкуренција, а најголемо внимание ќе привлече дербито меѓу Охрид и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.
Овој натпревар е закажан за во недела (14 декември) со почеток од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, а правдата ќе ја делат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека делегати ќе бидат Камер Металари и Љупчо Јаневски.
На првата меѓусебна пресметка сезонава, пелистерци беа подобри со 33:27, а во текот на подготвителниот период избраниците на Борис Ројевиќ триумфираа против битолчани.