Ракометарите на Тиквеш во натпревар од 17. коло од Супер лигата ќе го пречекаат тимот на Еурофарм Пелистер 2, кој е еден од директните конкуренти на кавадарчани за пласман во плеј-офот.
Избраниците на Кристијан Грчевски со евентуален триумф можат да направат голем исчекор кон посакуваната цел, па затоа од клубот упатија апел до навивачите да дојдат во што поголем број и да дадат поддршка.
,,Во недела 14.12.2025, на домашен терен во Јасмин го пречекуваме тимот на РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2, кој ни е еден од конкурентите за влез во Play OFF фазата. Во недела потребна ни е поддршка како никогаш”, стои во објавата на кавадарчани.
Тиквеш е петтопласиран со 16 бода, исто толку има и Бутел Скопје, а Еурофарм Пелистер 2 има 15. Најдобрите шест екипи обезбедуваат пласман во плеј-оф фазата.
Натпреварот меѓу Тиквеш и младиот тим од Битола ќе се одигра на 14 декември во спортската сала „Јасмин“ од 18:00 часот.
Правдата на овој дуел ќе ја делат Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегат ќе биде Душко Камишевски.
ТАБЕЛА
