Гевгеличани не видоа мака против Кичево, со убедлив триумф одат на зимска пауза!

376

Екипата на Партизан од Гевгелија пред својата публика одигра според планираното против „фенерџијата“ Кичево, триумфирајќи со убедливи 44:26 во рамките на 14. коло, последно за оваа календарска година, од прволигашката конкуренција.

За Партизан ова беше 6-та сезонска победа, односно втора во низа, откако во претходното коло успеа да слави и против Овче Поле.

Гевгеличани уште од самиот старт започнаа да ја градат предноста, поведоа со 10:1, на полувреме имаа плус 14 (25:11), па вториот дел повеќе наликуваше на формалност.

Предводник во победничката екипа беше Димитар Атанасов со девет погодоци, додека по седум постигнаа Илија Пејковски и Мартин Ашовалиев.

Кај Кичево, тројца ракометари имаа по седум реализации – Давор Јакимовски, Филип Тошев и Славко Бошковиќ.

Прва машка лига, 14. коло, резултати:
Партизан – Кичево 44:26 (25:11)
Преспа – Јехона 23:25 (11:13)
Вардар Неготино – Овче Поле 43:24 (23:15)
14/12, 19:00, Аеродром – Текстилец
14/12, 19:30, Шампион – Драчево Јуниор
16/12, 17:30, Мулти Есенс – Македонија Ѓорче Петров
Младост – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT