Кузмановски трет најдобар стрелец по групната фаза на ЕП, но и најдобар пеналџија!

125

Денеска стартува главната фаза на Европското првенство кое се одржува во Данска, Норвешка и Шведска, а по завршувањето на групната фаза капитенот на Македонија, Филип Кузмановски, се наоѓа на третото место на листата на најдобри стрелци на континенталниот собир.

Битолчанецот на три натпревари постигна 28 погодоци од 43 обиди (65,1% успешност), а пред него се Ѓорѓи Цковребадзе од Грузија и Франциско Кошта од Португалија, двајцата со по 29 погодоци.

Кузмановски по групната фаза е и најдобар пеналџија на ЕП, без ниту едно промашување (12/12), а воедно се наоѓа и меѓу најдобрите асистенти на Европското првенство.

Македонија настапот на Европското првенство го заврши на 14. позиција, со биланс од една победа, едно реми и еден пораз.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT