Какво засилување доби Вардар: Беровиќ како „полн погодок“ за поранешниот шампион

Станува збор за голем потенцијал, за девојка пред која е одлична ракометна иднина. Настапуваше на Европското кадетско првенство во Црна Гора каде беше МВП на неколку натпревари и беше една од клучните алки на последниот ЕХФ викенд, на кој Македонија го освои трофејот на турнирот во Турција.

233

Поранешниот шампион на Македонија, ЖРК Вардар, ќе биде посилен со репрезентативката на Македонија, Таида Беровиќ, која во „црвено-црниот“ табор пристигнува од Металург Автокоманда, клуб кој се соочува со сериозни финансиски проблеми.

Беровиќ важи за еден од најголемите македонски таленти во женскиот ракомет, а иако има само 17 години, забележа настапи и во сениорскиот дрес на Македонија.

Со нејзиниот ангажман, Вардар доби ракометарка која треба да донесе дополнителна енергија и квалитет во борбата за подобар пласман во најквалитетното женско домашно сениорско натпреварување.

Вардар освен што добива одлична опција на левата бековска позиција и квалитетен шутер кој игра на ниво во двата правци, добива и одличен асистент, па така нејзиниот ангажман во поранешниот учесник од ЛШ е пол погодок.

Тимот на Вардар есенскиот дел од сезоната го заврши на 4. позиција на табелата со 14 бода.

.

 

 

 

Големата надеж на македонскиот ракомет потпиша за Вардар

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT