Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го дозна ривалот во баражот за пласман на Светското првенство 2027, кое ќе се одржи во Германија во периодот од 13 до 31 јануари.
Ривал на избраниците на селекторот Кире Лазаров ќе биде победникот од дуелот меѓу Украина и Словачка.
Македонија со освоеното 14. место на Европското првенство се избори да игра само еден бараж за пласман на Мундијалот следната година.
Првиот натпревар од баражот ќе се игра на 13/14 мај, додека реваншот на 16/17 мај годинава.