По 22 порази, конечно почувствуваа победа!

237

Екипата на Радовиш, која ја очекува тешка задача во борбата за опстанок во најквалитетното домашно ракометно натпреварување, конечно се израдува на победа.

По 22 порази во низа во Супер лигата, тимот на Радовиш во елиминациското коло од Купот на Македонија славеше над прволигашот Јехона со 37:36 и обезбеди пласман во групната фаза.

Радовиш е единствениот тим од Супер лигата кој засега нема освоено ни бод.

Овој викенд стартува и плеј-аут фазата од Супер лигата, а Радовиш пред својата публика ќе го пречека Прилеп, тим кој од натпревар во натпревар игра сè подобро.

Куманово, Мулти Есенс, Прилеп, Македонија ЃП… лесно до главната фаза во Купот, Радовиш се спасуваше во Гостивар

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT