Утре стартува плеј-офот: Шампионот на гости во Кавадарци

142

Утре со еден натпревар ќе стартува разигрувањето за титулата, односно плеј-оф фазата во суперлигашкото друштво. Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, кој вчера одигра реми на гостувањето во Данска против ГОГ, во првото коло за ривал го има Тиквеш.

Пресметката меѓу битолчани и кавадарчани е закажана за утре од 19:00 часот во спортската сала „Јасмин“, а избраниците на Стевче Алушовски се големи фаворити во утрешниот меч.

Правдата во Кавадарци ќе ја делат Виктор Андонов и Александар Вукашиновски, додека делегат ќе биде Бобан Мајнов.

На 28 февруари е градската пресметка меѓу Алкалоид и Вардар, а исто така в сабота во Скопје ќе има уште еден дуел, бутелци ќе го пречекаат амбициозниот Охрид.

Супер лига, плеј-оф, 1. коло:
27.02, 19:00, Тикевш – Еурофарм Пелистер
28.02, 17:00, Бутел – Охрид
28.02, 18:30, Алкалоид – Вардар

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT