Поповски, Матески и Ѓоргиевски ефикасни, Мулти Есенс триумфално во Битола

122

Актуелниот бранител на титулата во младинската лига, тимот на Мулти Есенс, на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер 2 извојува победа од 33:28 (18:16).

Ова беше дуел меѓу првопласираниот и второпласираниот тим на табелата во рамките на последното, 18. коло од регуларниот дел. Гостите од Скопје, кои во регуларниот дел запишаа само еден пораз, до победата стигнаа со одличната игра во второто полувреме.

На првата пресметка, која беше одиграна во Автокоманда, младите битолчани славеа со два гола разлика, 31:29. Со оглед на тоа што во плеј-офот се пренесуваат освоените бодови од регуларниот дел, за актуелниот бранител на титулата ова беше многу важна победа.

Најефикасен на натпреварот беше Бобан Поповски со десет погодоци, Јулијан Матески постигна девет, а Стефан Ѓоргиевски шест. Кај Еурофарм Пелистер 2, Андреј Дамчевски и Томче Пецаковски беа најефикасни со по седум погодоци.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT