Голчиште на Елена Вучевска од слободен удар (ВИДЕО)

256

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет пред својата публика славеше убедлива победа против Деспина со 38:19 (14:8), во елиминациското коло од Купот на Македонија.

Избраничките на Илија Бетувски до четвртфинале стигнаа со одличната игра во вториот дел. Стандардно, меѓу најдобрите на теренот во тимот од Свети Николе беше Елена Вучевска.

Кружниот напаѓач постигна четири погодоци, а еден од нив беше за ТВ шпици. По истекот на времето во првиот дел, Вучевска биеше преку живиот ѕид и успеа да посигне гол во гостинската мрежа.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT