Шампионот удри во ѕид – момците на Лазаров фуриозно против битолчани

312

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер го доживеа вториот сезонски пораз во Супер лигата, откако на гостувањето во Автокоманда загуби со 32:25. Момците на Лазаров доминираа во текот на целиот натпревар, на пауза заминаа со предност од 16:12, а во вторите 30 минути гостинот никако не можеше да го запре налетот на домашниот тим. Филип Кузмановски беше единствениот расположен во гостинскиот состав,  натпреварот го заврши со 12 погодоци, а искусните играчи како Борзаш, Цехте, Тајник…беа целосно изгубени. Радува формата на репрезентативецот Мартин Серафимов, десниот бек беше најефикасен во победничката екипа со осум погодоци, но и домашните голмани Марко Кизиќ и Иван Галевски имаа свои моменти.

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе