Уште три натпревари го делат Мулти Есенс до втора титула и враќање во Супер лигата

295

Актуелниот лидер во Првата лига, Мулти Есенс, е на само еден милиметар до кам-бек во најквалитетното домашно натпреварување и до втора титула во релативно кратката клупска историја.

Во овој клуб, во кој играат репрезентативци од сите младински категории на Македонија, му преостануваат уште три натпревари до повторување на успехот од сезона 2021/22. Тогаш, како нов прволигаш, ја освои титулата во прволигашката конкуренција.

Во сезона 2022/23 се натпреваруваше со најдобрите, но поради силната конкуренција повторно се врати во понизок ранг.

Вечерва, Мулти Есенс предводен од Стефан Матески (12), Немања Џигероски (11) и Јован Петрески (10) славеше на гостувањето во Гевгелија кај Партизан со 52:36 (24:20) и дојде до 20-та сезонска победа.

Со оваа победа, младиот тим од Автокоманда изби на лидерската позиција со 40 бода, еден повеќе од Младост, кој во 23. коло одигра реми со Драчево Јуниор. Во меѓусебните дуели, подобар е Мулти Есенс.

Тимот на Мулти Есенс во последните три кола ќе се соочи со Текстилец, Вардар Неготино и Драчево Јуниор.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT