Новиот ракометен клуб во Радовиш, РК Феникс, официјално стартуваше со упис на нови членови и најави амбициозен проект насочен кон создавање млади ракометари и градење здрава спортска средина.
Од клубот потенцираат дека главната цел е правилен развој на децата преку тренинзи, дисциплина, тимска работа и професионален пристап уште од најрана возраст.
Во школата можат да се запишат момчиња и девојчиња родени 2018 година и постари. Тренинзите ќе се одвиваат под стручен надзор, а од клубот најавуваат модерна и организирана работа со сите возрасни категории.
Сите заинтересирани родители и идни членови дополнителни информации можат да добијат на телефон 078 673 345, преку e-mail: rk.feniks2026@gmail.com или на Instagram профилот @rk_feniks2026.