🎥Штипјани имаат голем потенцијал: 17-годишниот Кристијан Станчев повторно собра 17 интервенции во Првата лига

346

Во текот на вчерашниот ден беа одиграни четири натпревари од 23. коло во Првата лига, а на победа се радуваше тимот на Текстилец, кој пред својата публика славеше над Јехона од Гостивар со 42:35 (19:16). Штипјани со освоените бодови го зголемија своето салдо на 22 и останаа во игра за пласман во ТОП 6.

Во моментов се на шестата позиција, а во последните три кола ги очекуваат дуели против Мулти Есенс, Драчево Јуниор и Шампион. На натпреварот против Јехона, повторно во одлично светло се покажа талентираниот голман Кристијан Станчев, кој запиша дури 17 одбрани, но и се впиша во листата на стрелци, откако во 38. минута, по фантастична интервенција, успеа да погоди на празен гол.

ВИДЕО

Станчев блескаше и во претходното коло против амбициозниот Младост Богданци, кога исто така имаше 17 одбрани, што дополнително потврди дека Текстилец добива сериозен потенцијал за во иднина.

Талентираниот голман е дел и од кадетскиот тим на Текстилец, а на последните два натпревари од Првата лига доби целосна минутажа од тренерот Бобан Попов за да го покаже својот потенцијал.

Напаѓачки против Јехона се истакна Лазар Стојанов со осум погодоци, како и Јован Атанасовски и Филип Џинес, двајцата имаа по седум погодоци. Во поразениот табор, искусниот Адис Салиу имаше осум успешни реализации.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT