Тимот на Еурофарм Пелистер лесно обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи во кадетска конкуренција, откако во четвртфиналниот братски дуел на двапати го совлада Еурофарм Пелистер 2.
На првиот натпревар, избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски триумфираа со убедливи 52:26, додека на реваншот славеа со 36:31.
За место меѓу најдобрите четири ќе има уште еден братски дуел, овојпат во Автокоманда, каде ќе се соочат Алкалоид и Мулти Есенс.
На останатите два четвртфинални дуели ќе играат Охрид против Вардар и Пролет против Илинден Вардар, по што ќе бидат познати сите учесници на Ф4 турнирот.
Актуелен бранител на титулата е Еурофарм Пелистер.
Дополнително треба да бидат познати термините за останатите четвртфинални натпревари, а Ф4 турнирот е планиран, според распоредот на РФМ, за 24 мај.
