Женската кадетска репрезентација на Македонија го освои второто место на Светското првенство во училишен ракомет, на кое Скопје е домаќин на повеќе од 700 спортисти.
Во финалето, нашата репрезентација беше поразена од Хрватска со 28:26, а поразот во денешното финале беше единствен за избраничките на Даниела Новеска.
Можност за злато ќе имаат ракометарите на Македонија. Во големото финале, наш ривал е Израел, па може да се очекува машката репрезентација со стил да го заврши првенството.
Настанот се одржува под покровителство на Министерството за спорт, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, со поддршка од Ракометната федерација на Македонија.