Кадетите на Охрид, предводени од Христијан Софкоски, го добија првиот четвртфинален дуел против своите врсници од Вардар со резултат 35:27, и на реваншот кај „црвено-црните“ ќе стартуваат со предност од „плус осум“.
Домашниот тим целосно ја контролираше играта во текот на сите 60 минути. На полувреме замина со водство од 17:14, а во вториот дел одигра уште подобро, за поубедлива победа која можеби ќе им обезбеди место на Ф4 турнирот во кадетска конкуренција.
Христијан Софкоски доминираше во домашниот табор со 11 погодоци, додека 10-те реализирани гола на Филип Велковски за гостинскиот табор не беа доволни барем за помал пораз.
За публиката во СРЦ „Билјанини Извори“ дуелот меѓу двете екипи беше вистинско уживање пред реваншот на сениорскиот тим против Целје во рамките од полуфиналето во Европскиот Куп.
Засега пласман на Ф4 турнирот обезбеди Еурофарм Пелистер по двете победи во дуелите против Еурофарм Пелистер 2.