Втора сезона по ред: Македонски тим во трка за европски трофеј

120

Втора сезона по ред, екипа од Македонија ќе се бори за трофеј во Европскиот Куп. Минатата сезона тоа беше Алкалоид, кој во финалето играше против АЕК Атина. Тимот предводен од Кирил Лазаров ја освои титулата, а сега на чекор до истиот успех е амбициозниот проект на Охрид.

Во полуфиналето, тимот на Охрид успеа да го елиминира некогашниот европски шампион Целје. Македонскиот тим во Словенија загуби со 27:26, но на денешниот реванш победи со 25:24, па поради тоа патникот за финалето мораше да се одреди преку пенали.

Гостите промашија два пенали, додека кај  Охрид, освен Иванковиќ, сите беа прецизни за конечни 29:27 и големо славје во  СРЦ „Билјанини Извори“.

Низ историјата, Охрид е шестата македонска екипа која ќе игра финале во европските клупски натпреварувања. Ривал на Охрид во финалето ќе биде Татабања, каде што настапува Филип Талески.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT