ПРВА ЛИГА: ТФТ останува со максимален ефект, Чаир на колена пред Работнички

372

Денеска беше комплетирано 4. коло во Првата кошаркарска лига, во која поранешниот Куп освојувач, тимот на ТФТ, е лидер на табелата. Тимот од Тафталиџе по победата над Феникс од 80:63 има „четири од четири“ и осум бода на свое конто.

Избраниците на Боро Смилковски на денешниот натпревар уште од самиот старт ја оправдаа фаворитската улога, а Феникс во одредени периоди парираше, но тоа беше недоволно за да се избегне високиот пораз.

Најефикасен во тимот на ТФТ беше младиот Страхил Николов, кој натпреварот го заврши со 16 поени, Дарин Говенс додаде 14, Адем Мекиќ имаше 12, Георги Зафиров 11, а еден помалку Брајан Гринли – 10.

Кај Феникс,  Андреј Митревски и Монтавиус Марфи реализираа по 17, односно 13 поени.

Тимот на Работнички по поразот од МЗТ Скопје, се врати на победите во домашниот шампионат, откако му го нанесе првиот пораз на Чаир, триумфираше со 86:63. За Работнички ова беше трет сезонски домашен триумф, а најзаслужни за победата беа Ирман Полутак со 27 поени и Дамјан Робев со 22 поени, а поддршка имаа и од Џексон Дубински, кој натпреварот го заврши со 12 реализации, како и од Стојан Ѓуроски со 11 реализации.

Во поразениот табор се истакнаа Американците Кели и Мофит со 16 поени и 12 скока, односно 15 поени, седум скока и седум асистенции.

ПРВА ЛИГА, 4. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:
Феникс – ТФТ 63:80
Работнички – Чаир 86:63
МЗТ Скопје – Куманово 78:71
Шкупи – Вардар 89:68
Гостивар – Пелистер 77:66.
Кожув – Тиквеш 85:64

ТАБЕЛА: ТФТ 8, МЗТ Скопје 7, Чаир 7, Работнички 7, Пелистер 7, Кожув 6, Гостивар 6,  Куманово 5, Тиквеш 5, Феникс 5, Шкупи 5, Вардар 4.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе