Ракометарките на Војводина обезбедија место во најквалитеното натпреварување во Србија, откако во баражот за влез во елитното друштво убедливо го совладаа тимот на Железничар, потврдувајќи ја својата доминација и амбициите за стабилно место меѓу најдобрите во српскиот шампионат.
Клучна улога во овој успех имаше новиот стручен штаб, предводен од Андријана Будимир, која на барање на управата на клубот, раководена од легендарната Тања Медвед, ја презеде екипата и брзо го подигна нивото на игра, а дел од успехот е и велешанката Пена Граматова.
Будимир како ракометарка е двократен европски првак, со богата кариера во некогашните европски гиганти – Кометал Ѓорче Петров, Шлагелсе, Подравка и Валенсија, а со репрезентацијата на Југославија има освоено и медал на Светско првенство 2003.
Со Кометал Ѓорче Петров ја освои Лигата на шампионите во сезона 2001/02, а со Шлагелсе во сезона 2004/05. Нејзиниот тренерски пат започна во Академијата на Вардар, по што ги водеше РК и ЖРК Скопје, како и младинските екипи на двата клуба.
Особено ќе остане запаметена како првата жена тренер што со тимот на Скопје ја освои Првата лига во сезона 2020/21, отворајќи ново поглавје во македонскиот клупски ракомет.