Познати судиите за дуелот Еурофарм Пелистер – Алкалоид

135

Со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе биде затворен годинешниот суперлигашки плеј-оф, а за пелистерци дуелот против скопскиот тим ќе има големо значење.

Битолчани и Охрид имаат по 50 бода на своето конто, а вечерва „гладијаторите“ во последниот сезонски натпревар во Супер лигата пред својата публика ќе играат против Тиквеш.

Избраниците на Ројевиќ се големи фаворити против кавадарчани, па за очекување е да ги освојат бодовите, а тоа би значело дека Еурофарм Пелистер на дуелот против Алкалоид ќе мора да победи за да го освои вицешампионското место.

Битолчани имаат подобар биланс во меѓусебните дуели со Охрид, а на натпреварот во четврток последниот меч во дресот на Еурофарм Пелистер ќе го одиграат Домен Тајник, Богдан Радивојевиќ, Усама Хосни, Илија Абутовиќ…

Правдата на дуелот на 28 мај во спортската сала „Боро Чурлевски“ (18ч) ќе ја делат Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегати ќе бидат Марјан Огњановски и Душко Камишевски.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT