Прилеп го продолжи договорот со уште еден важен играч

151

Откако три сезони по ред не обезбедува настап во плеј-оф фазата, а во претходните две за малку му избега тој сегмент, Прилеп конечно посакува во следната сезона, во вториот дел од шампионатот, повторно да се натпреварува со најдобрите, односно да биде меѓу ТОП 6 екипите.

По ангажирањето на Благојче Трајкоски од Бутел Скопје, Петар Марковски од Еурофарм Пелистер 2 и Андреј Стојановски од Пролет, како и продолжената соработка со тренерот Наум Танески, најдобриот стрелец Димитар Димитриоски и Никола Шипинкоски, во Прилеп останува уште еден важен играч.

Станува збор за левиот бек Никола Цветаноски, кој во Прилеп настапува од сезона 2021/22, со исклучок на првиот дел од минатата сезона, кога имаше кратка интернационална авантура во словенечка Ајдовшчина. Цветаноски важи за еден од најквалитетните леви бекови во македонскиот шампионат, ракометар кој подеднакво успешно ги извршува задачите и во нападот и во одбраната.

Токму затоа неговото останување во составот на Наум Танески претставува голема добивка за прилепчани, кои чекор по чекор го градат тимот со кој ќе атакуваат на место во плеј-оф конкуренцијата.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT