Прволигашот Вардар Неготино успеа да го реши тренерското прашање за претстојната сезона, откако постигна договор за соработка со Игор Котевски, дознава Спортска Димензија.
Искусниот стратег по третпат ќе седне на клупата на клубот од Неготино. Последниот ангажман го имаше во минатата сезона, кога го презеде тимот по заминувањето на Пепи Манасков, но тогаш неговата улога беше краткорочна и траеше само неколку месеци.
Сега раководството повторно му ја укажа довербата на поранешниот македонски репрезентативец. Во својата тренерска кариера Котевски ги предводеше и Радовиш, Јуниор КВ, Куманово, Голден Арт, Металург, Бутел Скопје…
Вардар Неготино во новата сезона има амбиции да формира поконкурентен тим, а доколку се укаже можност, да се вклучи и во борбата за враќање во Супер лигата. Во наредниот период Котевски и клупското раководство ќе работат на комплетирање на играчкиот ростер.
Вардар Неготино тргна во екипирање: Нови договори, нови играчи и високи амбиции!