Вардар стартуваше со подготовки: Еве кои се новите лица во тимот

100

Македонскиот шампион Вардар денеска означи стартот на подготовките за новата натпреварувачка сезона. На денешната прозивка, тренерот Иван Чупиќ ги имаше на располагање сите ракометари кои останаа во тимот, како и новите засилувања.

Дресот на најтрофејниот македонски ракометен клуб клуб го облекоа новите засилувања – Мохаб Абделхак, Леон Љевар, Милан Бомаштар и Матео Фадуил, како и младите Бобан Поповски, Марко Ѓорчески и Никола Нечовски.

 

ФОТО: РК Вардар

Вардарци за новата сезона добија вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ по неколку сезони пауза повторно ќе бидат дел од европската елита.

Во рамките од групната фаза, тимот на Вардар ќе се соочи со Мелсунген, Нант и Висла Плоцк.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT