Големо изненадување приреди екипата на Феникс, која во натпревар од 15. коло од прволигашката конкуренција го шокираше ТФТ триумфирајќи со два разлика, 75:73. Иако се очекуваше лесна победа на ТФТ, а во еден момент од натпреварот избраниците на Дервишевиќ имаа негатива од десет поени, сепак, младиот тим на Феникс покажа и докажа дека има огромен потенцијал.
Адетукаси Тимоти со 18 поени беше најефикасен во победата над ТФТ, додека Андреј Митевски повторно зад себе имаше одличен настап со 17 поени. Во поразениот табор се истакна Дари Говенс со 22 поени.